АДВОКАТ ЗА ФИРМИ ОД СЛОВАЧКА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА,
ЧЕШКА И БУГАРИЈА КОИ РАБОТАТ ВО СРБИЈА

Основање на Адвокатската канцеларија Јоновски

Адвокатската канцеларија Јоновски ѐ основана 2011 година во Република Србија со цел да пружи сеопфатна правна услуга на правни и физички лица. Адвокатската канцеларија пружа широк спектар на правни услуги со експертиза во трговското и имотно право. Со тек на времето канцеларијата Јоновски се профилира како канцеларија која застапува и правно застапува словачки, чешки и македонски фирми кои работат во Србија или планираат деловно работење во Србија.

Портфолио на правни услуги

На секој клиент се пристапува индивидуално. Со детална анализа и стратешки пристап го утврдуваме најефикасниот пат до решение на правниот предизвик. Портфолиото на канцеларијата Јоновски опфаќа правно советување и правни услуги, вклучувајќи и застапување пред сите државни органи, правно преговарање со деловни партнери, како и изработка на писмени правни мислења во следните области:

  • трговско право (договори, статусно трговско право, корпоративно управување, M&A, во различни области на стопанството, како што се јавни набавки, енергетика, сообраќај, превоз, градежништво, внатрешна и надворешна трговија)
  • граѓанско право (со фокус на пружање правни услуги во областа на имотно право и надоместок на штета)
  • статусни промени, поврзување, ликвидација и стечај на трговски друштва,
  • пазар на капитал и банкарски работи,
  • меѓународно право (договори и спорови со меѓународен елемент),
  • медиумско право (статусно медиумско право и заштита на човековите права во областа на медиумите),
  • кривично право (пред сѐ во областа на трговско и имотно право)

Повеќе од 9 години искуство со странски клиенти – со фокус на Словачка и Северна Македонија

Преку долгогодишното искуство, адвокатите на канцеларијата Јоновски се специјализираа за соработка со странски клиенти. Предноста на канцеларијата лежи во тоа што адвокатите, како овластени преведувачи зборуваат на јазикот на клиентите, документацијата на посебно барање од страна на клиентите се изработува двојазично, со голема ефикасност и без преголемо оптеретување на самиот клиент.

Познавањето на економското и правно опкружување на државите од регионот (првенствено на Србија, Словачка, Чешка, Северна Македонија и Бугарија), како и разбирањето и познавањето на правните системи и законодавствени и судски структури, ни овозможува на своите клиенти да им обезбедиме ефикасна и сеопфатна услуга и правно советување во правните случаи со елемент на меѓународност.

На странските клиенти им пружаме услуги како што се:

  • Основање на фирми или претставништва во Србија
  • Отворање на банкарски сметки во Србија
  • Сите статусни промени на фирмата во Србија (промена на директор, седиште, пренос на удел итн.)
  • Консултации во врска со преговорите, пронаоѓање на деловни партнери и соработници
  • Комплетна регулатива во врска со вработување и работни односи
  • Признавање на странски судски и арбитражни одлуки во Србија
  • Извршување на судски и арбитражни одлуки, порамнувања и побарувања од договорниот однос
  • Изработка на двојазични договори во домен на стопанството, градежништвото, трговијата, шпедиција итн.
  • Консултации во врска со јавни набавки во Република Србија
  • Надоместок на имотна и неимотна штета

Соработка со адвокати од матичните земји

Нашата канцеларија има раширена мрежа на адвокати во земјите од регионот од каде се нашите клиенти – Словачка, Чешка, Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора, Романија и Бугарија. На тој начин му овозможуваме на клиентот уште поефикасна и за него сеопфатна услуга, бидејќи во секој момент има на располагање членови на адвокатскиот тим во земјата во која се наоѓа.

Членовите на тимот на Адвокатската канцеларија Јоновски се овластени преведувачи за словачки, чешки, македонски, романски, германски, француски, италијански, англиски и руски јазик.

Правни услуги и правно советување пружаме подеднакво квалитетно на српски, словачки, македонски и англиски јазик, при што основна предност на канцеларијата е во тоа што членовите на тимот се сертифицирани преведувачи. Внимателно и темелно пристапуваме кон секој клиент, со посветен и индивидуален однос и квалитетна комуникација доаѓаме до заедничката цел.

Медијација

На настанокот на правниот проблем најчесто му претходи недоразбирање на две или повеќе страни. Повеќето од тие проблеми можат да бидат решени со посредување – медијација. Во тимот на канцеларијата Јоновски имамме овластени посредници (медијатори), со дозвола од Министерството за правда на Република Србија, кои можат стручно и непристрасно да ви помогнат да дојдете до мирно решение на спорниот однос и до компромис, на корист и задоволство на двете страни во спорот. Медијацијата е посебно погодна во споровите од граѓанско-правна природа (имотни односи, наследни и семејни односи, надоместок на штета, потрошувачки спорови), но и во споровите помеѓу трговските субјекти, каде што потребата за понатамошна успешна соработка бара мирно решение на тековните спорови.

Чест ни ѐ што во нашиот тим имаме врвен стручњак во областа на медиумско право и заштита на правото за слобода на говор и изразување, па ви нудиме специјализирана медијација во оваа област. Медијацијата во областа на медиумско право, посебно во споровите поради повреда на правото на личноста и правото на слобода на говорот и изразувањето, на страните во спорот им нуди брзо и ефикасно постигнување на компромис и правично задоволување на интересите на двете страни.

ПРЕДНОСТИ НА НАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА

Посветеност & доверба

Ефикасно решавање на правни предизвици

Големо искуство во областа на трговско право

Специјализирани за клиенти од
Словачка, Чешка и Северна Македонија

Членовите на тимот се сертифицирани медијатори и преведувачи