Адвокат за трговско право

Експертиза на адвокатската канцеларија Јоновски се правните услуги од доменот на трговско право, во најширока смисла. Во оваа област на правото застапуваме, како домашни клиенти на територија на Белград, Панчево, и цела Република Србија, така и меѓународни клиенти, најчесто од Словачка, Чешка, Северна Македонија и Бугарија. Нашиот тим адвокати има долгогодишно искуство од областа на трговско право, со фокус на предметите со елемент на меѓународност.

Трговското право во Република Србија е регулирано со закони, меѓу кои најважен ѐ Законот за трговски друштва, кој го регулира основањето на трговски друштва, односно формата на извршување трговска дејност, управување со друштвата, права и обврски на друштвата и начин на функционирање на трговските друштва.

Доколку ви ѐ потребен адвокат за трговско друштво (територијална определеност: Панчево, Војводина, но и цела територија на Република Србија), контактирајте нѐ по пат на телефон или е-мејл.

Адвокатите за трговско право во рамки на Јоновски адвокатската канцеларија пружаат услуги од областите кои можат да се поделат на:

  • Услуги за основање и статусни промени,
  • Правни услуги на застапување и
  • Изработка на договори и други правни акти.

Aдвокатски услуги за основање на фирми и статусни промени на фирмата

Основање на фирма во правна смисла отвора многу прашања подоцна во работењето, па важно ѐ од самиот почеток на бизнисот да бидат правно структурирани и дефинирани, а сите правни и деловни предизвици да бидат однапред претпоставени.

Во овој процес, адвокатската канцеларија Јоновски, водела многу свои клиенти пружајќи им правни услуги на основање и регистрација трговски друштва, како и советување во врска со изборот на најдобра форма за трговско друштво од аспект на правото. Исто така, нашите адвокати на странските клиенти им нудат консалтинг околу прашањата за основање на фирми во Србија и сите статусни прашања. Комплетна правна асистенција во постапката за основање на трговско друштво, адвокатскиот тим Јоновски заедно со мрежата адвокати од матичните земји, нуди и на домашните правни и физички лица кои планираат деловно работење на територијата на Словачка, Чешка, Северна Македонија и Бугарија.

Исто така, на клиентите од Србија, Словачка, Чешка, Северна Македонија и Бугарија, адвокатите на тимот Јоновски нудат правен консалтинг и правна поддршка во статусните промени (промени на назив, седиште, основач, реорганизација, аквизација на фирми, ликвидација итн.), како и составување на правни акти и сите видови договори во овој процес.

Услуги на правно застапување, трговски спорови и порамнувања

Услугата застапување на своите клиенти им пружаме на територија на Град Белград и цела Република Србија, на домашните и странски трговски субјекти. Исто така, пружаме и консалтинг и правно застапување на правни лица кои работат или планираат да работат на територија на Словачка, Чешка, Северна Македонија и Бугарија, во што сме исклучително успешни благодарение на поддршката од партнерот, адвокатот и адвокатската канцеларија од споменатите земји.

Да сумираме, Адвокатската канцеларија Јоновски на своите клиенти им ги пружа следните адвокатски услуги на застапување:

  • застапување на трговски друштва пред даночни, прекршочни органи и судови (во постапките на извршување – наплата на побарувања, парнични, трговски, стечајни и др.) и на други институции од локално, покраинско или републичко ниво
  • пред Агенцијата за трговски регистри, Белград
  • застапување на трговски друштва во постапки на правно посредување – медијации
  • застапување во сите трговско-правни спорови
  • застапување на клиенти во постапките за јавни набавки, подготовка на конкурсна документација кај јавните набавки и консултации во врска со реализација на јавни набавки
  • во парнични спорови, спорови на трговски престапи, постапки на извршување, како и во други постапки поврзани за работењето на трговските субјекти.
  • застапување во областа на кривично право за кривични дела во врска со економијата.

На странските субјекти им пружаме целосна поддршка во комуникација со институциите на територија на Република Србија, застапување во сите правни работи низ ефикасно и стратешки фокусирано решавање на правни предизвици.

Услуга за изработка на договори и друга правна документација

Тимот адвокати Јоновски е специјализиран за трговско право, па се занимава и со изготвување на сите видови преддоговори, договори и спогодби:

  • договор за продажба,
  • договор за трговско посредување,
  • договор за трговско застапување,
  • договор за градење,
  • договор за шпедиција,
  • договор за соработка и други.

Покрај наведеното, адвокатската канцеларија Јоновски пружа адвокатски услуги за составување на сите правни акти и други правни документации, како и консалтинг во подготовка на документацијата. Исто така, тимот на адвокати на Јоновски канцеларијата ги пружа и сите видови изработка на правни акти во други области на право (работно право, имотно право, надоместок на штета, и други правни области).

ВРЕДНОСТИ НА АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЈОНОВСКИ

Посветеност & доверба

Ефикасно решавање на правни предизвици

Големо искуство во областа на трговско право

Специјализирани за клиенти од
Словачка, Чешка и Северна Македонија

Членовите на тимот се сертифицирани медијатори и преведувачи